Кадетите доживеаја колапс со Русија, следи грчевита борба за опстанок во елитата

kadeti-udine

По серијата одлични изданија во групната фаза, македонската кадетска репрезентација ова попладне потфрли во дуелот со Русија, па така наместо влез во четвртфиналето на Европското првенство во Италија, селекцијата до 16 години сега ќе мора да се бори за опстанок во елитата.

Во најлошиот меч на турнирот, Македонија беше совладана од Русија со високи 70:45, а како клучно за лошиот резултат се покажаа ужасните три четвртини во кои нашите кошаркари успеаја да постигнат само 25 поени. Нашите надежи едноставно немаа шутерски ден кога најмногу требаше и уште од самиот старт го најавија катастрофалното попладне, а со текот на времето, предноста на семафорот само растеше.

Поразот од 25 поени разлика не става во доста непријатна ситуација, бидејќи сега кадетите ќе разигруваат за местата од 9-то до 16-то место, што во превод значи борба за опстанок во елитното друштво.

Facebook Коментари