Поврзете се со нас

Англија

Каде ќе игра Хендерсон? Шефилд Јунајтед договори супер голман за следната сезона

Објавено

на

Иднината на младиот голман на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон станува уште понеизвесна откако тимот на Шефилд Јунајтед договори одличен голман во пресрет на следната сезона.

Хендерсон беше меѓу најдобрите чувари на мрежата во англиската Премиер лига, а по крајот на неговата позајмица тој ќе се врати во Манчестер Јунајтед.

Логичен след на околностите беше тој да потпише нов договор со „ѓаволите“ и да се врати на уште една, трета по ред позајмица во тимот на Шефилд.

Сепак, тоа сега изгледа помалку веројатно затоа што Шефилд Јунајтед е на прагот да ангажира нов голман.

„Скај Спортс“ пренесува дека Борнмут ја прифатил понудата од 18.5 милиони фунти за услугите на Арон Ремсдејл кој бранеше одлично оваа сезона, но не му помогна на својот тим да обезбеди опстанок во Премиер лигата.

Сега се поставува прашањето што ќе се случи со Хендерсон кој е предмет на интерес на уште неколку клубови од Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни