Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Каде е топката: Винисиус со луд „еластико“ дриблинг измести двајца чувари (Видео)

Објавено

на

Винисиус Жуниор беше стрелец на голот кој пристигна после прекрасна тимска акција на Реал Мадрид, но и креатор на дриблингот на вечерта во Лигата на шампионите.

Бразилскиот крилен фудбалер на Реал Мадрид располага со богат репертоар на фудбалски бравури, па сега се реши да приреди една позната бразилска финта која во минатото ја користеа легенди како Роналдо и Роналдињо.

Винисиус со обратен „еластико“ дриблинг измести двајца чувари и буквано се протна меѓу нив, креирајќи мајсторија која експресно стана вирален хит на социјалните мрежи.

Играчите на Шахтјор беа во бунило и буквално не знаеја каде е топката во тој момент, а акцијата заврши и со директен шут кон голот, кој сепак беше одбранет од голманот на гостите.

Магичниот дрибилнг на Винисиус стана посебно популарен и во Бразил, откаде пристигнаа наслови дека ова е суштината на фудбалот и вистински доказ за „Јога Бонито“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни