Поврзете се со нас

Свет

Кабрал постигна атрактивен гол по прецизната асистенција од Ристовски (Видео)

Објавено

на

Стефан Ристовски после подолго време врза два натпревари на кои доби шанса од тренерот на Спортинг, со тоа што денеска беше и стартер во системот на Рубен Аморим.

Македонскиот репрезентативец беше дел од победата на тимот од Лисабон на гостувањето кај Белененсес, но не само тоа, десниот бек беше и асистент на еден од трите погодоци кои ги постигна фаворитот.

Прво име на средбата која заврши 1:3 беше напаѓачот Кабрал, кој еден од двата гола постигна благодарение на точната асистенција од Стефан.

Популарниот Рики нафрли од десната страна по што Кабрал атрактивно заби за водство од 2:1, а истиот играч пред крајот на првиот дел погоди и од пенал за 3:1.

На крајот ова се покажа како конечен резултат на натпреварот, по кој Спортинг одново изби на третото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни