Англија
Кабалјеро на најдобар можен начин опиша што мисли за Гвардиола
Вили Кабалјеро го продолжи договорот со Челси пред неколку дена и стана јасно и дека четврта сезона ќе биде дел од лондонскиот клуб, а добро познато е дека од претходно веќе имаше искуство во Премиер лигата како голман на Манчестер Сити.
Аргентинецот пристигна во Англија во 2014-та година по барање на тренерот Пелегрини, но две години подоцна, имаше можност да соработува и со Пеп Гвардиола, човекот кој според него е неверојатен фудбалски стратег кој прави да се чувствувате како секој ден да одите на универзитет.
Кабалјеро не штедеше комплименти за посветениот Пеп и покрај тоа што само една сезона соработуваше со него, а посебно го импресионирало тоа што имал идентичен третман за сите, без разлика на името и големината.
– Кога работите со Пеп, тоа е исто како да одите на универзитет. Секој ден учите нешто ново. Ако не ве учи нешто ново на теренот, ви кажува преку видео. Кога ви проѓа блиску, има неверојатни детали и ве учи нешто ново за противникот и за играта, – вели Кабалјеро за „ТНТ Спортс“.
– Исто така, добро кај него е што нема проблем да го крена гласот на некој клучен стартер, на замена, на некој што има 34 години. Тој не бира, станува збор за фантастичен педагог и навистина знае како да се носи со сите,- завршува Вили.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!