Поврзете се со нас

Свет

Јужна Кореја се спаси од пораз со автогол во судиското надополнување (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/afcasiancup

Репрезентацијата на Јужна Кореја се намачи да освои бод на дуелот со Јордан на Азискиот куп, а со истиот останува на солидна позиција во пресрет на последната рунда.

Првата ѕвезда Сон Хеунг-Мин донесе предност за Корејците од пенал во првото полувреме, но Јордан израмни благодарение на автоголот на Парк во 37. минута.

Пред крајот на полувремето, Ал Наимат го комплетираше целосниот пресврт и донесе голема радост за фановите на Јордан, селекција која имаше предност се до 91. минута.

Трагичар на селекцијата беше Ал Араб, кој го измами сопствениот голман, поставувајќи ги конечните 2:2 и спасувајќи ги Корејците од неочекуван пораз.

Двете селекции имаат по четири бода по две рунди, додека Бахреин и Малезија денеска играат меѓусебен дуел без претходно освоен бод.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни