Поврзете се со нас

Свет

Јужна Америка и се е можно: Фудбалер на Бока Јуниорс доби црвен картон во десеттата секунда (Видео)

Објавено

на

Покрај натпреварите во елитната Копа Америка, рано утрово се играше фудбал и во Копа Судамерикана, а во осминафиналето видовме елиминација на еден од главните фаворити за трофејот.

Бока Јуниорс доживеа пораз од Крузеиро во пенал рулетот и на тој начин се прости од понатамошни настапи уште во првата нокаут рунда, елиминација за која голема вина има Луис Адвинкула.

Дефанзивецот од Перу режираше непотребен и непромислен старт уште на самиот старт на мечот, па веќе во 10-та секунда стана јасно дека ќе доби директен црвен картон.

Адвинкула со отворен ѓон стартуваше над противнички играч и веднаш стана јасно дека се работи за посериозен прекршок, па иако судијата во прв момент чекаше да види дали противникот е добар, во продолжение не се мислеше и му покажа црвен картон на Перуанецот.

Бока Јуниорс и со играч помалку на теренот успеа да постигне еден гол, но фактот што прими два го однесе двомечот во пенал рулет. Во фудбалскиот рулет, повеќе среќа и знаење имаа играчите на Крузеиро.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни