Поврзете се со нас

Италија

Јувентус заслужено поведе, но повторно остана без победа против Аталанта (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfcen

Јувентус одигра две реми средби против Аталанта минатата сезона во Серија А и излезе како победник само во дуелот во Купот, а реновираниот тим на Тиаго Мота го продолжи трендот од лани и стигна до неверојатен ефект во Серија А.

„Старата дама“ беше поактивен тим и заслужено дојде до водство во Бергамо со голот на Калулу во 54-та минута, но како во безброј наврати оваа сезона, Јувентус се повлече во моменти кога прв стигна до предност.

Аталанта тргна доста пофајтерски и понапаѓачки во остатокот од мечот во обидот да избегне непријатен пораз, а фактот што успеа во такво нешто донесе и една нестварна статистика кога е во прашање Јувентус.

Ретеги беше играчот кој погоди за 1:1 и кој се погрижи за поделба на бодовите, а ова реми е дури 13-то за тимот кој го предводи Тиаго Мота од стартот на сезоната.

Јуве и натаму нема ниту еден пораз во домашното првенство, но едноставно се предодреди да ги дели бодовите на најголем дел од натпреварите, што прави тимот од Торино да биде на петтото место на табелата.

Покрај 13-те реми средби, Јувентус запиша седум победи, или шест помалку од Аталанта која е третопласирана со девет бода повеќе од денешниот ривал.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни