Италија
Јувентус заинтересиран за спортскиот директор на шпански клуб

Раководството на Јувентус подолг период е во потрага по долгорочно решение за позицијата спортски директор, а минатиот период најчесто се споменуваше името на Фредерик Масара, кој е прв соработник на Паоло Малдини во Милан.
Сепак, „Тутоспорт“ тврди дека во клубот се почесто се зборува и за друга солуција, односно Андреа Берта, актуелниот спортски директор на Атлетико Мадрид.
Берта ги импресионирал „бјанконерите“ со одредени трансфер потези во периодот кога Атлетико немаше големи финансиски ресурси, со стратегијата за младите фудбалери на шпанскиот клуб, како и при преговорите за ангажман на Алваро Мората.
Масара е главен противкандидат на Берта, а негова предност покрај сработеното во Милан е долгото пријателство со Макс Алегри, со кои биле соиграчи за време на фудбалската кариера.
Актуелниот спортски директор Федерико Керубини е планиран на друга позиција, па затоа раководството бара конкретна замена со искусен спортски директор.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 19 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 20 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 19 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 21 час
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 20 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 21 час
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)