Поврзете се со нас

Италија

Јувентус загуби двајца фудбалери уште по првото коло во Серија А

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Дебито на Тиаго Мота на клупата на Јувентус донесе поофанзивен стил на игра и убедлива победа во дуелот со Комо, но тренерот се соочи со непосакувана ситуација уште по првиот натпревар во Серија А.

Клубот денеска потврди дека Кефран Тирам и Тимоти Веа биле детално прегледани откако вчера се пожалија на повреди и било утврдено дека мора да паузираат одреден период.

Двајцата фудбалери заработиле мали мускулни повреди на истото место, но на различна нога и по десетина дена ќе бидат повторно прегледани за да биде познато кога би се вратиле на терените.

Ова значи дека Мота нема да смета на вчерашните стартери, Веа и Тирам, најмалку на двата следни дуели во Серија А, на кои противници на Јувентус ќе им бидат екипите на Верона и Рома.

Потоа следува пауза за настапите на националните тимови, па се чини дека француско-американскиот двоец ќе може да очекува камбек токму на средината на септември.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни