Поврзете се со нас

Италија

Јувентус врачи отказ за клупска легенда, познат и неговиот наследник

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Раководството на Јувентус направи промена на тренерската позиција во својот втор тим, врачувајќи и отказ на клупската легенда, Паоло Монтеро.

Уругваецот сезонава доби унапредување и од Примавера тимот беше префрлен во У-23 екипата која игра во третата италијанска лига, но Јувентус Некст Џен има катастрофален старт на сезоната.

Поразот на гостувањето кај Фоџа и исходот на другите натпревари значеше дека Јувентус го презема фенерот во Ц групата од италијанската Ц лига, а причина за тоа е што на 14 одиграни натпревари, вториот тим на „бјанконерите“ има само една победа и дури девет порази.

Монтеро заминува од досегашната позиција и веројатно ќе очекува друга функција, а неговото место ќе го заземе Масимо Брамбилја.

Интересно е што Брамбилја го водеше вториот тим на Јувентус минатата сезона и се враќа на истата позиција по само неколку месеци, во кои беше предводник на Фоџа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни