Италија
Јувентус во најтешките моменти се пофали со продолжување на договорот со „најважниот“ играч

Навивачите на Јувентус се уште не можат да се соземат од последната казна која ја доби италијанскиот клуб и поради која веројатно ќе остане без пласман во Лигата на шампионите, а неодамна мораа да испратат и убедлив пораз од аутсајдерот Емполи.
Додека голем дел од нив бара смена на Макс Алегри, но и промени во составот, Јувентус реши да се пофали со продолжувањето на соработката со Карло Пинзолјо.
Ако некој не знае за кого се работи, тоа е третиот голман на Јувентус изминатите години и човекот кој ретко добива шанса да застане на голот, имајќи предвид дека пред себе ги има Шчесни и Перин.
Но, Јувентус денеска со голема помпа го објави новиот договор на Пинзолјо, а тој ќе остане во Јувентус барем до 2025 година.
Навивачите знаат дека потписот на третиот голман има посебно значење и димензија за клубот, бидејќи тој се наметна како вистински јувентино со неговиот карактер и харизма, а Пинзолјо е производ на младинската академија на торинскиот клуб и е дел од првиот тим уште од 2017 година.
Pinso 2️⃣0️⃣2️⃣5️⃣ ⚪️⚫️ pic.twitter.com/dZ2yTud8bF
— JuventusFC (@juventusfc) May 25, 2023
-
Германијапред 22 часа
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 22 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 21 час
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Македонијапред 23 часа
Тиквеш приреди шпалир за новиот шампион, во Битола се крена трофејот после 18 години (Фото)
-
Англијапред 21 час
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Шпанијапред 6 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Македонијапред 21 час
ТЦР Европа: Давидовски до четвртото место во првата трка