Јувентус веќе отворено зборува за интересот за две германски ѕвезди

bepe-marota

Директорот на Јувентус Бепе Марота зборуваше со медиумите откако ја доби наградата за најдобар спортски менаџер во Италија.

Меѓу другото, функционерот на „старата дама“ јавно потврди дека се заинтересирани за Емре Чан од Ливерпул и Леон Горецка од Шалке. Двете германски ѕвезди ќе бидат слободни играчи на крајот од сезоната, ако во наредните неколку месеци не ги продолжат договорите.

– Тие ќе бидат слободни играчи на крајот од сезоната. Ние сме заинтересирани и ќе доставиме понуди, но сè зависи од нивните желби – кажа Марота.

Покрај Јувентус, Чан е следен од неколку европски гиганти, како Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, додека за Горецка се заинтересирани Тотенхем, Барселона, Милан и Баерн Минхен.

 

Facebook Коментари