Јувентус веќе има листа на потенцијални замени за Алекс Сандро

aleks-sandro-832893289

Алекс Сандро е на излезна врата во Јувентус и за него се заинтересирани англиските гиганти Челси и Манчестер Јунајтед, па „старата дама“ веќе почна со процесот на потрага на негова замена.

Според „Тутоспорт“, Стефан Лихтштајнер и Квадво Асамоа ќе си заминат од Јувентус на крајот од сезоната, па клубот може да остане само со Матија Де Шилјо од страничните бекови.

Директорите Бепе Марота и Фабио Паратичи веќе идентификувале неколку потенцијални замени, вклучувајќи ги Емерсон Палмиери, Хосе Гаја, Жонас Ектор и Томас Мојниер.

Facebook Коментари