Италија
Јувентус веќе ги започнал преговорите за враќање на Погба
Француските медиуми тврдат дека Јувентус веќе ги започнал преговорите со Мино Раиола за враќање на Пол Погба во своите редови.
Членот на Манчестер Јунајтед првпат се пресели во Торино во 2012 година без отштета, за потоа Јувентус да го испрати на „Олд Трафорд“ во трансфер од кој заработи 105 милиони евра.
Информацијата првично ја објави „le10sport.com“, медиум според кој Јувентус е најблиску до Погба бидејќи е подготвен да плати сериозна сума за Французинот, а затоа се започнати преговорите со неговиот агент Раиола.
Јувентус може да остане без Пјаниќ и Рабио во текот на ова лето, па јасно е дека ќе инвестира во засилување во средниот ред, а Погба би бил идеална аквизиција и за стилот на фудбал кој го преферира тренерот Маурицио Сари.
Во својот прв престој во Италија, Погба забележа 178 настапи, постигнувајќи 34 голови и реализирајќи 40 асистенции.
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)