Италија
Јувентус убедлив против Сампдорија за место во четвртфиналето на Копа Италија (Видео)

Јувентус се пласираше во четвртфиналето на италијанскиот куп и тоа по триумфот над Сампдорија со резултат 4:1.
Домаќините немаа големи проблеми против тимот од Џенова кој е во фаза и на промена на тренери по заминувањето на Д’Аверса, а „бјанконерите“ доминираа уште од почетокот, иако во првиот дел постигнаа само еден гол.
Резултатот го отвори Куадрадо од слободен удар во 25. минута, за две минути подоцна да му биде поништен гол на Мората по активирање на ВАР собата.
Ругани во 52. минута зголеми на 2:0, а неизвесноста барем на кратко ја врати Конти со својот прв гол за Сампдорија. Сепак неколку минути подоцна Локатели ја искористи грешката на одбраната на гостите, а реализираше Дибала, најавувајќи ја сигурната победа.
Резервистот Аке избори пенал, кој Мората го претвори во конечни 4:1 на „Алијанц“ во Торино, со што Јувентус ќе го чека противникот во четвртфиналето од подобриот од дуелот меѓу Сасуоло и Калјари.
-
Македонијапред 10 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Германијапред 15 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Англијапред 18 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 14 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 18 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 17 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 15 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Англијапред 14 часа
Марез промаши пенал за победа на Сити, Ливерпул се уште е во игра за трофејот во ПЛ (ВИДЕО)