Италија
Јувентус тргнал во офанзива по уште еден дефанзивец на Милан
Јувентус и Милан уште во јануари можат да договорат уште еден трансфер и повторно за фудбалер од одбраната.
По пристигнувањето на Пјер Калулу во летниот преоден рок, во јануари истото може да се случи со Фикајо Томори, кој веќе не е во плановите на Пауло Фонсека.
„Газета дело Спорт“ тврди дека Милан го ставил англискиот интернационалец на трансфер листата, но не планира да му дава попуст на ривалот и ќе очекува околу 25 милиони евра за дефанзивецот.
Јувентус посакува да го реши овој трансфер по Супер куп натпреварите планирани за почетокот на годината, а тренерот Тиаго Мота веќе го одобрил ангажирањето на Томори, пред се поради фактот што веднаш може да почне со вклопување на својот нов фудбалер во одбранбената формација на „бјанконерите“.
Продажбата на Артур и евентуалното заминување на Данило ќе имаат позитивен финансиски ефект во торинскиот состав, па тоа ќе помогне за полесно носење одлука околу договорот за Томори, кој првично може да дојде и на заем.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП21 час
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Светски првенства14 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Светски првенства15 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
Светски првенства18 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
АТП16 часа
Алкарас не му верува на Ѓоковиќ: Не велам дека правеше шоу со повредата, но…..
-
Италија22 часа
Наполи го убедува Јунајтед за трансфер на Гарначо со привлечна „клаузула“