Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Јувентус со предност ќе патува во Ајндховен, Дортмунд го разби Спортинг во Лисабон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/chirichampions

Екипите на Јувентус и Борусија Дортмунд остварија победи над ПСВ, односно Спортинг во првите натпревари од плејоф фазата во Лигата на шампионите.

Јувентус го одбрани домашниот терен и го доби ПСВ со 2-1. Калчолигашот го реши првиот дел во своја полза со погодокот на МекКени во 34 минута, предност која беше активна до 56 минута кога искусниот Перишиќ израмни на 1-1.

Сепак избраниците на Мота го имаа последниот збор и со погодокот на Мбангула во 82 минута се изборија за триумф и минимална предност пред реваншот во Ајндховен.

(ТУКА погледнете ги погодоците)

Борусија Дортмунд пак со една нога е во осминафиналето откако со пеколно второ полувреме го доби Спортинг со 3-0 на негов терен во Лисабон. Гираси, Грос и Адејеми донесоа славје за бундеслигашот кое треба да биде гаранција за мирен реванш на „Сигнал Идуна Парк“ наредната седмица.

(ОВДЕ можете да ги погледнете головите)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни