Поврзете се со нас

Италија

Јувентус со пари и играч ќе ја „лови“ ѕвездата на Италија на ова Европско првенство

Објавено

на

Медиумите на Апенинскиот полуостров пренесуваат дека од таборот на Јувентус ја испратиле првата понуда за можеби и најдобриот играч на Италија на ова Европско првенство, Мануел Локатели.

Јувентус подолг период ги следи настапите на 23 годишниот играч за врска, а како што јавуваат медиумите на „чизмата“ веќе е испратена и првата иницијална понуда која вклучува и еден фудбалер.

Имено, Јувентус за Локатели понудил 30 милиони евра плус во понудата го вклучил и романскиот играч од дефанзивата, Раду Драгушин.

Се верува дека Сасуоло нема веднаш да даде одговор на оваа понуда, затоа што со самите настапи на Локатели на континенталниот собир, така се подига и неговата трансфер цена, а и интересот за него од другите клубови е голем.

Тоа значи дека понудата на Јувентус веројатно е само првична, па во иднина клубот од Торино ќе мора да ја зголеми за да го обезбеди потписот на Локатели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни