Поврзете се со нас

Италија

Јувентус со осум младинци во составот за тешкото гостување во Верона

Објавено

на

Во периодот кога Јувентус има густ распоред на натпревари на повеќе фронтови, се соочува и со многу проблеми поради отсуството на важни фудбалери поради повреди и други проблеми.

Утре „бјанконерите“ гостуваат во Верона кај една од најнезгодните екипи и оваа сезона во Серија А, а тренерот Андреа Пирло има сериозни дилеми во однос на одлуките околу составот.

Мората отпадна поради вирус, Дибала, Куадрадо, Бонучи и Кјелини се повредени, додека Данило е суспендиран, па тоа е и главната причина што Пирло повика дури осум членови на У23 тимот на Јувентус.

Покрај Фаџоли и Ди Пардо кои добија минутажа и претходното коло, повикани се и Рафија, Капелини, Петерс, Аке и Алехандро Маркес, додека Драгушин веројатно ќе го замени Данило во почетниот состав.

Натпреварот Верона-Јувентус утре започнува од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни