Поврзете се со нас

Италија

Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialSSLazio

Јувентус сезонава постојано потенцира дека главната амбиција во Серија А му е да обезбеди Топ 4 пласман, но се чини дека следната сезона тоа ќе се промени и „бјанконерите“ нема да имаат изговори во пресрет на битката за скудетото.

Спортскиот директор Кристијано Џунтоли ќе има важна улога во влечењето на трансфер потезите со кои ќе треба да го засили тимот на Макс Алегри, а италијанските медиуми најавуваат дека Јувентус може да ангажира актуелен играч на Лацио.

Се работи за Фелипе Андерсон, крилен напаѓач чиј договор со римскиот клуб истекува во јуни и ако во меѓувреме истиот не го продолжи, сигурно ќе биде атрактивен за Џунтоли и неговите соработници.

Лацио не е подготвен да ја зголеми актуелната плата од 3,5 милиони евра на Бразилецот и во случај на продолжување на соработката, па затоа и Андерсон веројатно ќе биде отворен за други понуди и можност да ја избере најдобрата опција за себе.

Андерсон добро ја познава Серија А, бидејќи беше член на Лацио меѓу 2013 и 2018 година, а по неколку сезони минати во Англија и Португалија, се врати токму во редовите на „бјанкоцелестите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни