Поврзете се со нас

Италија

Јувентус си „пукаше во колено“ со Киеза, сега го продава за двојно помала цена

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус реши да направи големи промени ова лето и истите започнаа со ангажман на Тиаго Мота, тренер кој веднаш поо пристигнувањето во клубот прецрта неколку имиња од првиот тим.

Доскорешниот тренер на Болоња сака да направи коренити промени во стартните 11 и за таа цел подготвен е да се откаже од неколку фудбалери, вклучувајќи го и најдобриот италијански репрезентативец од Европското првенство пред три години.

Федерико Киеза стана прекуброен во Јувентус по лошата сезона која ја имаше по тешката повреда на коленото, но одлуката ја донесе Мота кој вчера и официјално соопшти дека не смета на поранешниот играч на Фиорентина.

Според експертите, ваквата стратегија на Мота не донесе добри вести за клубот, кој сега е приморан да го стави Киеза на трансфер пазарот, и тоа за двојно помала сума од тоа што планираше.

На почетокот на летото, водечките луѓе во Торино веруваа дека ќе добијат барем 30 милиони евра за Киеза, но после последните изјави на тренерот Мота, сега ќе се задоволат и со 15 милиони евра.

Јасно е дека Јуве нема да задржи играч кој не е во плановите на новиот тренер, па останува да видиме кој клуб ќе биде првиот кој ќе достави официјална понуда. Киеза досега се поврзуваше со Интер, Наполи и Рома, не неговиот агент последно ги исконтактирал и лондонските клубови од Премиер лигата, Тотенхем и Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни