Поврзете се со нас

Италија

Јувентус сериозно размислува да ангажира шпански репрезентаитвец како замена за Шчесни

Објавено

на

Од таборот на Јвуентус сериозно размислуваат во своите редови да донесат нов голман кој ќе биде замена за Војчех Шчесни.

Изборот паднал на шпанскиот интернационалец од редовите на Челси, Кепа Аризабалага кој го загуби првотимскиот статус во лондонскиот клуб откако на „Стемфорд Бриџ“ пристигна сега незаменливиот, Едуард Менди.

Кепа пристигна во Челси во 2018 година за сума од вртоглави 85 милиони евра, а сега е на излезната врата од клубот и веројатно ќе реализира трансфер во летниот преоден рок.

31 годишниот полски чувар на мрежата од редовите на Јувентус веројатно ќе остане уште некоја сезона во Торино и ќе мора во иднина да се задоволи со улогата на резервен голман.

Кепа има само осум премиерлигашки натпревари зад своето име уште од стартот на минатата сезона, но се уште поседува квалитети кои веројатно ќе му овозможат трансфер во редовите на гигант како Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни