Поврзете се со нас

Италија

Јувентус се разбуди во второто полувреме и го потопи Емполи (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Фудбалерите на Јувентус извојуваа победа над Емполи од 4-1 во премиерниот натпревар од денешната програма во италијанската Серија А.

„Старата дама“ на крајот дојде до убедлив триумф, но треба да се потенцира дека фаворитот губеше на полувреме, а до 90 минута водеше со минимални 2-1.

Де Шилјо ги шокираше домаќините со погодокот во 4 минута, гол кој се покажа како единствен во тој прв дел од соочувањето во Торино.

Избраниците на Мота беа далеку поефикасни, поопасни во второто полувреме, па од 61 до 64 минута се изборија за целосен пресврт со двата гола на зимското засилување Коло Муани. Потоа нововлезените Влаховиќ и Консеисао се запишаа во листата на стрелците за потврда на 9. славје на „старата дама“ во оваа натпреварувачката 2024/2025.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни