Поврзете се со нас

Италија

Јувентус се пофали со новото засилување, шпанскиот напаѓач доцна синоќа пристигна во Торино (Фото)

Објавено

на

Откако пропадна можноста за ангажман на босанскиот репрезентативец и член на Рома, Един Џеко, од Јувентус веднаш пронајдоа алтернатива за него.

Нов фудбалер на клубот предводен од Андреа Пирло ќе биде 27 годишниот шпански напаѓач, Алваро Мората.

Ова за Мората ќе биде втора авантура во тимот на Јувентус откако претходно, две сезони беше дел од овојтим.

Сега веќе поранешниот играч на Атлетико Мадрид  доцна синоќа пристигна во Торино каде денес ќе ги изврши неопходните медицински прегледи пред и официјално да стави потпис на договор со Јувентус.

Мората не беше првично решение за Андреа Пирло, но откако пропаднаа можностите да се ангажираат Луис Суарез и Един Џеко, ангажманот на овој фудбалер беше неизбежен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни