Јувентус се откажал од размената Де Шилјо-Курзава

de siljo

Јувентус и ПСЖ преговараа за размена на Матиа Де Шилјо и Лајван Курзава, но денеска италијанскиот клуб решил да се повлече од зделката и сепак да го задржи Де Шилјо најмалку до крајот на сезоната.

Уште синоќа италијанските медиуми најавија дека Јувентус ретерира од првичната идеја бидејќи во клубот преовладува ставот дека Де Шилјо повеќе ќе му користи на Маурицио Сари не само поради познавањето на неговите тактики, туку и поради фактот што може да игра на двете страни од теренот.

Разлика меѓу двајцата играчи е и тоа што Де Шилјо има договор со Јувентус до 2022 година, додека Курзава ќе биде слободен играч веќе ова лето.

Facebook Коментари