Италија
Јувентус се „откачи“ од уште еден играч кој важеше за миленик на Алегри
Менаџментот на Јувентус направи голема реконструкција во летниот преоден рок, па тргнувајќи од новиот тренер Тиаго Мота, големи промени ќе има и во составот кој ќе треба да го носи товарот на повеќе фронтови.
„Бјанконерите“ ставија на трансфер листа и испратија во други клубови поголем број фудбалери, а дел од нив досега важеа за миленици на претходниот тренер Макс Алегри и наводно остануваа во составот на негово инсистирање.
Еден од нив е Матија Де Шилјо, кој од денеска е нов член на Емполи, со што Јувентус успеа да го реши и овој случај во кој споменатиот фудбалер воопшто не беше во плановите на тренерот Мота.
Емполи ќе добие солидна алтернатива на дефанзивните позиции со Де Шилјо, а интересно нема да плати ништо за овој трансфер. Главна цел на Јувентус беше да се ослободи од годишната плата на фудбалерот, која изнесува 1,5 милиони евра, но на крајот сепак веројатно ќе мора да покрива дел од неа барем до следното лето.
Клубот од Торино го ангажираше Де Шилјо во 2017 година, а во меѓувреме тој помина една сезона на заем во Лион и забележа 117 настапи за црно-белите, со кои стигна до три скудета.
-
Светпред 18 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Светпред 20 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
АТПпред 15 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
АТПпред 24 часа
Надал за Синер: Чистата совест му помогна да победи во Њујорк
-
Лига на шампионипред 23 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
Светпред 21 час
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Италијапред 18 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Италијапред 22 часа
Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо