Поврзете се со нас

Италија

Јувентус се одјави со победа, Алекс Сандро со солзи се збогуваше со навивачите (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Јувентус славеше над Монца со 2-0 во последниот меч за оваа сезона во италијанската Серија А.

„Бјанконерите“ се одјавија со 19. триумф со кој е потврдено третото место во шампионатот зад Интер и Милан. Стрелци на погодоците беа Киеза и Алекс Сандро во периодот од 26 до 28 минута.

Ова за Бразилецот воедно беше завршен натпревар во дресот на „старата дама“, клуб на кој верно му служеше девет години и повеќе од јасно е зошто емоциите проработеа кај него кога го напушташе теренот во 73 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни