Поврзете се со нас

Италија

Јувентус се изнамачи за првата победа сезонава во Серија А (Видео)

Објавено

на

Photo: Twitter FC Juventus

Јувентус повторно се мачеше во натпревар од италијанската Серија А и мораше да прави пресврт за конечно да стигне до првата победа сезонава.

„Бјанконерите“ ја победија Специја со 2:3 на гостински терен и колку толку ќе го намали притисокот кој се појави по катастрофалниот старт на сезоната.

Натпреварот донесе императив за победа кај гостинскиот тим, а голот на Кеан во 28. минута најави поволен тек на средбата за избраниците на Макс Алегри.

Но, како и претходно сезонава, Јувентус дозволи израмнување откако Џаси погоди во 33. минута, а на стартот на вториот дел Антист погоди по една контра на Специја, што донесе еуфорија на стадионот „Алберто Пико“.

Јувентус фрли се на една карта и тргна во офанзива, а посмирен финиш за гостите донесе Федерико Киеза во 66. минута. Пресвртот го комплетираше Матијс де Лихт само шест минути подоцна, снаоѓајќи се најдобро по еден изведен корнер на составот од Торино.

Со првиот триумф сезонава, Јувентус стигна до вкупно пет бодови, осум помалку од актуелниот лидер Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни