Поврзете се со нас

Италија

Јувентус сака две премиерлигашки засилувања, еден од играчите веќе има договор со Борусија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Јувентус веќе договори две засилувања во јануарскиот преоден рок, но Кристијано Џунтоли и неговите соработници пикирале уште неколку играчи кои може да се преселат во Торино уште месецов.

Се работи за двајца играчи кои не добиваат соодветна минутажа во своите премиерлигашки клубови, а можат да бидат интересно освежување на дефанзивни позиции во тимот на Тиаго Мота.

Јувентус од вчера има интензивни преговори за Ренато Вејга, фудбалер кој остана во втор план во редовите на Челси и може да го напушти лондонскиот клуб по само една година.

Вејга веќе има дадено зелено светло за трансфер во Борусија Дортмунд, но понудата на бундеслигашот не поминала кај Челси, па сега Јувентус се обидува да добие млад фудбалер со подобра финансиска формула, која веројатно ќе значи откупување на договорот по крајот на сезоната.

„Бјанконерите“ преговараат и со Њукасл за Лојд Кели, уште еден дефанзивец кој би прифатил предизвик во Серија А, но само откако клубовите би се договориле за условите за заем.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни