Јувентус и ПСЖ во напредни преговори за размена на фудбалери

juve-gol

Јувентус денеска направи размена со Барселона во која актери беа двајца млади фудбалери, но подготвува таков потег и со францускиот шампион ПСЖ.

Добро информираниот италијански новинар Ромео Агрести пренесува дека Јуве и ПСЖ се во напредни преговори за размена на Матиа Де Шилјо и Лајвин Курзава, потег кој очигледно им одговара и на двете страни.

Договорот на левиот бек Курзава со ПСЖ истекува во јуни, додека Де Шилјо во моментов има мала повреда поради која не беше во комбинација на последните натпревари, а негова предност е што може да игра на двете страни од теренот.

Facebook Коментари