Поврзете се со нас

Италија

Јувентус победи првпат сезонава и го прекина неверојатниот пост на средби без примен гол (Видео)

Објавено

на

Јувентус ја отвори сезоната во Лигата на шампионите со сигурна победа над Малме, па навивачите на овој клуб конечно го проследија првиот триумф по враќањето на Макс Алегри.

„Бјанконерите“ досега одиграа три натпревари во Серија А и освоија само еден бод, што значи дека ова е прва победа воопшто сезонава, а истовремено и прв дуел без примен гол по долго време.

Последниот натпревар на кој Јувентус не прими погодок е одигран на почетокот на март и тогаш овој тим славеше над Специја со 3:0.

Во меѓувреме „црно-белите“ одиграа 16 натпревари од минатата сезона на кои примија барем еден гол, а серијата беше продолжена и со трите средби од оваа сезона, што значи пост од 195 денови без натпревар на кој Јувентус не примил гол.

Алекс Сандро го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите и ја најави победата на Јувентус против Малме, а пред крајот на полувремето погодија и Дибала од пенал и Мората од игра за конечните 0:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни