Поврзете се со нас

Италија

Јувентус притиска за ангажман на Паредес

Објавено

на

Поранешниот италијански шампион Јувентус сака да донесе уште некое име до крајот на преодниот рок, а меѓу желбите е Леандро Паредес.

Паредес одлично го познава италијанскиот фудбал со оглед на тоа што неколку сезони настапуваше во Рома, Киево и Емполи, а и самиот е подготвен да си замине од ПСЖ и слета во Торино. Ова го знаат и во таборот на „бјанконерите“ кои наводно веќе се разбрале со Аргентинецот за личните услови, па сега останува да ја договорат зделката со ПСЖ.

Според „РМЦ Спорт“, Јуве започна поинтензивни контакти со „светците“ и во основа веќе е договорен трансферот кој ќе биде позајмица со право на откуп. Сега треба да се „испеглаат“ и економските детали, а во меѓувреме „старата дама“ треба да го продаде и Адријан Рабио во премиерлигашот Манчестер Јунајтед.

Леандро има 28 години и досега има настапувано уште во Бока Јуниорс и Зенит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни