Поврзете се со нас

Италија

Јувентус преговара со Крузеиро за продажба на еден од „неуспешните проекти“

Објавено

на

Фото: https://www.juventus.com

Раководството на Јувентус преговара за неколку засилувања, но тоа значи дека ќе треба да биде ослободен и простор во првиот тим.

Добро упатените медиуми денеска излегоа со информација дека Кајо Жорге нема иднина во торинскиот клуб и за него веќе се започнати преговори со Крузеиро.

Бразилскиот клуб е подготвен да плати 5 милиони евра за потписот на Жорге, со што офанзивниот фудбалер по неколку години би се вратил во татковината.

Жорге немаше среќа откако дојде во Италија бидејќи заработи потешка повреда на натпревар на вториот тим на Јувентус, а по долгата пауза не можеше да се наметне кај Макс Алегри, имајќи ја предвид и големата конкуренција.

Последната сезона, Кајо беше испратен на заем во редовите на Фрозиноне, но тој и соиграчите не успеаја да го спасат клубот од испаѓање во Серија Б.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни