Поврзете се со нас

Италија

Јувентус пред промоција на нов Бразилец во тимот

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Раководството на Јувентус веќе го потврди заминувањето на Алекс Сандро и Кајо Жорге од составот на „бјанконерите“, но е блиску до промоција на нов Бразилец во составот кој веројатно ќе биде предводен до Тиаго Мота.

Добро информираните новинари тврдат дека „бјанконерите“ се многу блиску до ангажирање на Даглас Луиз од Астон Вила, фудбалер кој ќе пристигне во Торино како дел од комплицирана замена.

Јувентус ќе се откаже од Вестон МекКени, Семјуел Илинг Џуниор и ќе плати околу 20 милиони евра за да стигне Луиз, кој беше еден од најдобрите играчи на Вила изминатава сезона.

Последната вест е дека клубот ги договорил личните услови си Бразилецот, па Кристијано Џунтоли и Мончи треба само да ги прецизираат деталите за размената во која премиерлигашот ќе заработи и солидна сума.

Јувентус е во напредни преговори и со Мејсон Гринвуд, а денеска или утре ќе биде претставен и новиот тренер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни