Италија
Јувентус прецртал двајца фудбалери кои ќе заминат во јуни

Во периодот кога Јувентус се обидува да ја реши актуелната резултатска криза и има проблем со многу повредени играчи, размислува и за наредните сезони и промените во ростерот.
Денеска италијанските медиуми пренесоа дека раководството веќе донело одлука за разделба со двајца искусни фудбалери, за кои нема да биде понуден нов договор.
Се работи за Алекс Сандро и Хуан Куадрадо, кои во јуни ќе треба да си бараат нова средина за да ја продолжат кариерата.
Јувентус мора да ги намали трошоците за плати поради финансиските загуби од изминатите години, а само Сандро заработува 6 милиони евра по сезона, иако е далеку од нивото на кое настапуваше на почетокот на престојот во Торино.
Бразилецот дојде од Порто во 2015 година, исто како и Куадрадо кој првично беше позајмен, па откупен од Челси.
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 9 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 17 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 21 час
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти