Поврзете се со нас

Италија

Јувентус потврди дека уште еден фудбалер ја заврши сезоната во ноември

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Италијанскиот клуб Јувентус денеска ги потврди резултатите од вонредниот лекарски преглед на Хуан Кабал и само ги потврди лошите вести кои првично пристигнаа од Колумбија.

Левиот бек замина на подготовки со својот национален тим, каде ги скинал лигаментите на коленото и сега го очекува долга пауза.

Ова е нов удар за тренерот Тиаго Мота, кој веќе го загуби Глеисон Бремер поради иста повреда, па двајцата Јужноамериканци ќе бидат недостапни до крајот на сезоната.

Кабал денеска на патерици се појавил во клупскиот медицински центар, а неколку часа подоцна е потврдена дијагнозата, која беше најавена и од докторите во Колумбија.

23-годишниот фудбалер нема да се врати до крајот на продолжената сезона со Светското клупско првенство, а Јувентус веќе размислува за обезбедување алтернатива на неговата позиција уште во јануари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни