Поврзете се со нас

Италија

Јувентус потврди дека Шчесни го завршил вчерашниот ден со оперативен зафат

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfc

Војчех Шчесни заработи незгодна повреда на вчерашното градско дерби меѓу Торино и Јувентус, а неговиот клуб утринава потврди дека е потврдено најкомплицираното сценарио.

Полскиот голман заработи удар од противнички играч во финишот на мечот и лекарскиот тим на Јувентус се сомневал на фрактура на носот, поради што вечерта биле направени детални прегледи.

Откако била потврдена повредата, Шчесни итно бил опериран и ја поминал ноќта во болницата каде била направена интервенцијата.

Јувентус потврди дека ќе ја следи состојбата на популарниот „Тек“ на дневна база, па засега е нејасно колку време ќе мора да паузира.

„Бјанконерите“ следниот натпревар го играат на 19. април и тоа на гостување кај Калјари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни