Поврзете се со нас

Италија

Јувентус потврди дека МекКени нема да се враќа во Шалке 04

Објавено

на

Јувентус денес официјално објави дека е искористена опцијата за целосно комплетирање на трансферот на Вестон МекКени од редовите на Шалке 04.

Американецот дојде пред почетокот на актуелната сезона и стана важен дел од составот предводен од новиот тренер Андреа Пирло, па „бјанконерите“ уште сега решија да ги елиминираат сите дилеми за иднината на МекКени.

Фудбалерот веќе забележа 31 настап и постигна 5 голови во дресот на Јувентус во првата сезона во Италија, па ваквата одлука воопшто не е изненадување за фановите.

Јувентус објави дека ќе му плати 18,5 милиони евра на три рати на Шалке 04 , а во опција се дополнителни 6,5 милиони евра во вид на бонуси.

Со овој потег, МекКени има официјален договор со клубот од Торино до јуни 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни