Поврзете се со нас

Италија

Јувентус потпишува нов договор со ѕвездата која беше суспендирана поради обложување

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Јувентус во последно време се повеќе и повеќе им дава шанса на помладите играчи, играчи кои треба да донесат свежа крв и во блиска иднина да бидат лидери на овој проект.

Меѓутоа еден од нив се најде во центарот на вниманието поради погрешки причини, поради скандалот со обложување за што заработи казна, суспензија од седум месеци. Се работи за 22-годишниот Николо Фаџоли од кого Јуве не планира да се откаже по последните случувања, односно е на добар пат да го врзе играчот со повеќегодишен договор.

Секогаш добро информираниот Фабрицио Романо информира дека Фаџоли ќе стави потпис на новата соработка која ќе биде со важност до 2028 година, договор според кој ќе има и поголема заработка.

Инаку Николо е играч кој беше дел од школата на „бјанконерите“, настапуваше и за тимот до 23 години, а една сезона беше не позајмица и во Кремонезе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни