Поврзете се со нас

Италија

Јувентус потопен и од Фиорентина на „Артемио Франки“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Екипата на Јувентус доживеа втор убедлив пораз во италијанската Серија А, втор во низа и тоа против Фиорентина која ги надигра на „Артемио Франки“ со 3-0.

Во претходното коло „бјанконерите“ беа посрамотени од Аталанта со 4-0 на нивен терен и многумина очекуваа соодветен одговор од избраниците на Мота на денешниот меч, меѓутоа се случи сосема спротивникот и тимот одигра уште една средба под неговото ниво.

Во рок од три минути во периодот од 15 до 18, домашните фудбалери постигнаа два погодоци преку Госенс и Мандрагора за водство од 2-0.

Овој резултат беше активен на семафорот се до 53 минута кога Гудмундсон уште еднаш ги матираше гостите и го потврди 14. триумф во шампионатот.

ТУКА погледнете ги трите погодоци.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни