Поврзете се со нас

Италија

Јувентус постигнал договор со најголемата ѕвезда на Лацио

Објавено

на

Екипата на Јувентус знае да ги привлече најголемите, најквалитетните имиња од конкурентите во Серија А, а еден од тие доказите дефинитивно се Душан Влаховиќ и Федерико Киеза кои во изминативе години пристигнаа во Торино од Фиорентина.

Сега „старата дама“ има нова цел и сека да го грабне клучниот ас на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Србинот со своите фантастични издание го привлече вниманието кон себе, односно во него Јуве гледа фудбалер кој може да помогне кон враќање на старите патеки, освојување титули и секако борба до самиот крај во ЛШ.

Според италијанскиот новинар Алфредо Педула, Јувентус и популарниот СМС ги договориле лични услови за наредната сезона според кој тој би требал да заработува по 6 милиони годиншно плус бонуси.

Голем проблем останува Лацио и првиот човек Клаудио Лотито кој бара огромна сума на пари, повеќе од 100 милиони евра.

Ова може да биде голема пречка, па во опција останува и Сергеј да го обнови договорот со Лацио како еден вид на благодарност, ама под услов во истиот да има откупна клаузула вредна 40-50 милиони евра. Желба пак на Лотито е истата да биде најмалку 70 милиони евра.

Останува да се види како ќе заврши оваа приказна, но она што досега е чисто е дека фудбалеро сезонава има 6 гола и 8 асистенции во дресот на тимот од Рим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни