Поврзете се со нас

Италија

Јувентус подготвува интересна размена: Талентиран играч на Арсенал за италијански репрезентативец

Објавено

на

Фото: twitter.com/juventusfc

Раководството на Јувентус планира да ангажира најмалку едно освежување за средниот ред во зимскиот преоден рок, а покрај идејата за Хојберг од Тотенхем, сега „Тутоспорт“ тврди дека Кристијано Џунтоли и неговите соработници извадиле интересен „џокер од ракавот“.

Според вообичаено добро информираниот весник, Јувентус почнал да преговара со Арсенал за интересна размена, во која во Торино би се преселил еден голем талент, кој во моментов не добива шанса во редовите на „топчиите“.

Се работи за 20-годишниот Чарли Патино, кој сезонава е позајмен во Свонси, а може да игра на различни позиции во средниот ред.

Јувентус е подготвен за услугите на Патино да се откаже од Моисе Кеан, односно да го испрати италијанскиот репрезентативец во Лондон, со што Микел Артета би добил уште една алтернатива во нападот.

Иако во моментов не е во фокусот на медиумите, Патино важи за голем потенцијал и еден од најталентираните играчи во својата генерација, а поседува и шпански пасош.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни