Италија
Јувентус почнал преговори со напаѓач чиј договор истекува следното лето
Раководството на Јувентус планира да донесе нов напаѓач следното лето, а спортскиот директор Кристијано Џунтоли наводно веќе почнал преговори со агентите на фудбалер кој настапува во Франција.
Се работи за канадскиот репрезентативец Џонатан Дејвид, актуелен член на Лил, кој со своите настапи и голови одамна го предизвикува вниманието на поголемите европски клубови.
Договорот на Дејвид со Лил истекува следното лето и идејата на Јувентус е да доведе квалитетен играч без никаква отштета, со што ќе може да му понуди и поголема плата, а истовремено и можност да се докажува во црно-белиот дрес.
Душан Влаховиќ не ги оправдува очекувањата од почетокот на сезоната, па шпекулациите за преговорите со Дејвид може да значат и дека Јувентус ќе биде отворен за негова продажба во летниот преоден рок.
Италијанските медиуми тврдат дека клубот кој ќе го добие потписот на Дејвид веројатно ќе треба да исплати и неколку милиони за неговиот агент, но тоа нема да биде проблем за Јувентус, посебно за играч кој постигнал 26 голови на 47 натпревари минатата сезона.
-
Евролига12 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Италија13 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Италија24 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Евролига23 часа
Шортс ја доби битката со Димитријевиќ, ама Олимпија Милано ја однесе победата (ВИДЕО)
-
Лига на нации14 часа
Каде е топката: Црногорецот Бакиќ падна на земја по дриблингот на Арда (Видео)
-
Англија11 часа
Кукурелја: Англиските судии ме казнуваат за она што се случи на ЕП
-
Лига на нации4 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија
-
Германија13 часа
Нагелсман му одговори на „експертот“ Леман за голманската дебата