Италија
Јувентус по 120 минути успеа да ја елиминира храбрата Џенова (Видео)

Џенова чесно го намачи Јувентус во Торино, но фаворитот сепак обезбеди пласман во четвртфиналето на италијанскиот куп, победувајќи по продолжението со 3:2.
Двете екипи настапија со комбинирани состави, на двете страни дебитираа некои млади играчи, а Горан Пандев воопшто не допатува во Торино за оваа средба.
Јувентус одлично го почна натпреварот, веќе во 2. минута дојде до водство преку Кулушевски, а истиот фудбалер неколку минути подоцна не реализираше уште една голема шанса.
Тоа го поправи со асистенција кон Мората во 23. минута, по што Шпанецот го зголеми водството на 2:0 и се чинеше дека Џенова тешко ќе може да се врати во ова осминафинале.
Но, гостите не се откажуваа, во првиот дел намалија преку Чибора, а во второто полувреме тренерот Балардини не направи ниту една замена, а Мелагони постигна атрактивен погодок во 74. минут за израмнувње.
Пирло реши да го испрати на терен Кристијано Роналдо во финишот, но замената немаше ефект пред почетокот на продолжението од триесет минути.
Во него, Јувентус очекувано притискаше, а дојде до решавачкиот гол преку младиот Рафија, кој на своето деби за сениорскиот тим погоди во 104. минута за конечни 3:2.

- Германијапред 13 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 12 часа
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 13 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 10 часа
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 16 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 14 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 11 час
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 10 часа
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме