Јувентус со официјален став за повредите на Коста и Пјаниќ

Daglas-Costa1

Ремито во Фиренца не беше единствен проблем за Јувентус на дуелот со Фиорентина, откако Маурицио Сари направи три принудни замени.

Така како што и се очекуваше, најсериозна е повредата на Даглас Коста, а денеска Јувентус потврди дека Бразилецот има повреда на бутниот мускул со среден интензитет. За 15 дена, Коста повторно ќе биде исконтролиран за тоа каква му е ситуацијата, но јасно е дека тој нема да настапува околу еден месец.

Истовремено, Миралем Пјаниќ нема никаков проблем и денеска тој тренирал со ист интензитет како своите соиграчи, што значи дека може да биде во комбинација и за дуелот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Facebook Коментари