Италија
Јувентус одбил понуда од Манчестер Јунајтед во финишот на преодниот рок

Европските клубови со различно темпо ги одработија последните денови од зимскиот преоден рок, а додека Јувентус реши да му дозволи на Николо Фаџоли да се пресели во Фиорентина, ја одбил можноста да се раздели со уште еден играч од средниот ред.
„Тутоспорт“ тврди дека Јувентус веќе имал договор со италијанскиот ривал за првичниот заем на Фаџоли, кога добил и предлог да го позајми Даглас Луиз во редовите на Манчестер Јунајтед.
Премиерлигашот се обидел со Бразилецот да го освежи својот среден ред, но Јувентус не сакал да прифати дополнително ослабување на оваа позиција и брза разделба со Луиз кој ја игра првата сезона во Торино.
За Луиз претходно се интересираше и Манчестер Сити, но сега е јасно дека до крајот на сезоната нема да ги напушти „бјанконерите“ и ќе се обиде да го поправи впечатокот од првиот дел од сезоната.
Во меѓувреме, Фаџоли оди на заем во Фиренца, но „виолетовите“ имаат обврска да го откупат неговиот договор по исполнување на одредени услови или пак да го направат тоа по сопствен избор во наредниот период.
-
НБА21 час
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија18 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА21 час
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија22 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП15 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)