Поврзете се со нас

Италија

Јувентус одбил атрактивна понуда за една од своите помлади ѕвезди

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Клубовите од Саудиска Арабија не мируваат и во зимскиот преоден рок, па додека првенството е во прекин поради Азискиот куп, дел од нив се обидуваат да привлечат уште некое атрактивно име во своите редови.

Италијанските медиуми објавија дека Јувентус одбил атрактивна понуда за Матијас Суле, фудбалерот кој сезонава е едно од најпријатните изненадувања во Серија А, откако доби можност да игра како позајмен играч во редовите не Фрозиноне.

Аргентинецот го потврди големиот потенцијал, а со тоа го привлекол вниманието и на клуб како Ал Итихад, кој испратил понуда вредна 30 милиони евра за Суле.

Јувентус без размислување ја одбил понудата, а на иста фреквенција бил и фудбалерот и неговите агенти, бидејќи никој од инволвираните не е согласен дека Суле на оваа возраст треба да се пресели во Саудиска Арабија само поради финансискиот аспект.

20-годишниот крилен напаѓач сезонава постигна 9 гола на 19 натпревари во дресот на Фрозиноне, па за него голем интерес ќе има и од европските клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни