Поврзете се со нас

Италија

Јувентус очекува да го договори првото летно засилување уште во февруари

Објавено

на

Фото: https://www.juventus.com

Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли најави дека „бјанконерите“ нема да го засилат средниот ред во зимскиот преоден рок и очигледно трансферот на дефанзивецот Тиаго Џало ќе биде единствен во текот на овој месец.

Но, голем број италијански медиуми пишуваат дека Јувентус има специфичен план за едно многу значајно засилување, поточно за реализација на трансферот на Теун Копмајнерс од редовите на Аталанта.

Холанѓанецот нема да пристигне во Јувентус зимава, но клубот подготвува сериозна понуда која ќе биде испратена до Аталанта веќе во февруари, со што двата клуба би постигнале договор за играчот за врска долго пред крајот на сезоната.

Копмајнерс сезонава има 7 гола и 4 асистенции на 26 натпревари и прерасна во клучен играч на составот од Бергамо, со што дефинитивно го привлече вниманието на Џунтоли и неговите соработници, а Јувентус го посакува по секоја цена во своите редови.

Аталанта ќе добие 40 милиони евра плус евентуални бонуси, што веројатно ќе биде сума која ќе ги исполни очекувањата на клубот, со оглед на профитот кој ќе го реализира од играчот кого го доведе од АЗ Алкмар во 2021 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни