Поврзете се со нас

Италија

Јувентус обезбедил продолжени договори со уште двајца важни играчи

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус се обидува да ги продолжи договорите со најважните фудбалери во својот состав, а според италијанските медиуми, тоа е веше завршена работа во преговорите со Николо Фаџоли и Мануел Локатели.

Важните играчи од средниот ред прифатиле да стават потпис на нов договор, а според истиот ќе бидат дел од семејството на „бјанконерите“ барем до 2028 година.

Локатели ги оправда очекувањата на клубот откако дојде од Сасуоло, а истото важи и за младиот Фаџоли, кој во моментов е суспендиран поради скандалот со нелегално обложување. За него овој договор носи сигурност во најтешките моменти во кариерата и е гаранција дека клубот верува во него и очекува да возврати на довербата со одлични игри на теренот.

Претходно, договорот со Јувентус го продолжи Федерико Гати, а се очекува наскоро да биде потврдено дека истото го сториле и Глејсон Бремер и Даниеле Ругани.

Најкомплициран ќе биде случајот „Рабио“, бидејќи Французинот може да одлучи да прифати нов предизвик по крајот на оваа сезона, по која му завршуваат обврските кон Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни